Кој е проблемот со реагенсите во Здравствениот дом во Битола?

0
724

Пациенти од Битола често реагираат на како што велат немањето на реагенси во лабораторијата на Здравствениот дом во Битола. Последниве два месеца нивните реакции се почести. Денеска бевме таму. Директорот Радевски вели дека проблемот не е во реагенсите, туку од техничкка природа кај апаратот кој што го имаат.

„ Имаме нов софистициран апарат за вршење на анализи со кој во еден час правиме 800 анализи. Тој софистициран апарат е доста скап, а во последните два месеци се јавија одредени технички проблеми поради што има проблем со правењето на анализите. За овој скап апарат и реагенсите се поскапи. Проблемот треба да го реши една компанија и сега сме доведени во една ситуација да не можеме да ги извршуваме тие работи наеднаш додека не се реши техничкиот проблем, но се надеваме дека за месец-два проблемот ќе биде надминат“ вели Благоја Радевски директор на Здравствениот дом во Битола.

Лекари пациентите ги праќале тука и до крајот на ланската година пациентите правеле еднаш годишно анализа.

„ Сега министерството наложи на секои три месеци и автоматски се зголеми бројот на пациенти, ако досега имавме 3 до 5 пациенти на ден, сега таа бројка дневно е помеѓу 20 и 25 и во таква ситуација не можеме да одговориме со оглед на фактот што го имаме како што реков тој технички проблем“ вели тој.

Тој повика на разбирање од страна на пациентите, а од неговите колеги обид за растоварување на лабораторијата во Здравствениот дом.

„ Ако пациентите одат и во лабораторијата на клиниката и во две други акредитирани лаборатоции кои ги има во градот, тогаш и ние малку ќе се растовариме додека не се реши проблемот“ вели Радевски.