Кој го загадува воздухот на планетата?

0
447

10 годишно истражување спроведено од научниците на НАСА за следење на загадувачките супстанции во воздухот ги покажуваат ефектите од локализираните човечки напори за подобрување на квалитетот на воздухот. Тие посочуваат на големото влијание – откривајќи ги областите кадешто емисиите се влошиле во текот на изминатата деценија.

НАСА уште од 2004 година на еден од своите сателити има поставено уред кој може да детектира азот диоксид од вселената.

Овие промени во структурата на квалитетот на воздухот не се случајни“, вели Брајан Данкан, научник за атмосферски влијанија во Годард , во центарот за вселенски летови на НАСА. „Кога владите преземаат и велат дека ќе создадеме нешто и со него ќе се регулира загадувачката материја, треба да се види влијанието врз податоците“.

Азот диоксидот се добива како резултат на согорување на фосилни горива ( јаглен, нафта, бензин и т.н ) кои ја загадуваат животната средина и воздухот и е одличен показател кој овозможува мониторинг и мапирање на најзагадените места како и лоцирање на најголемите загадувачи.

НАСА уште лани објави мапи со податоците од овој сателит и многу интересно е тоа што точно се гледа како мерките за воведување поригорозни контроли и стандарди во Европа и САД во последниве десетина години вродуваат со плод и се прати очигледно намалување на емисиите, до 50% во Европа и од 20 до 50 % во САД.

Меѓутоа состојбата е далеку од добра бидејќи Европа заедно со САД и Кина сеуште се најголемите загадувачи.

За да добие смисла промената на податоците, тие ги споредија NO2 читањата за локализирани региони со информации како што се прописи за контрола на емисиите на областа и урбаниот развој.

Без коментари

LEAVE A REPLY