„Кој ќе го закопа последниот битолчанец?“

0
4162

Со цел да ја подигне јавната свест за условите во кои што живета болните од карцином битолчанецот Никола Шиндре  направи фотоалбум.

Албумот насловен „Кој ќе го закопа последниот битолчанец!?“, го посветува на својата мајка, татко, баба, стрико, вујна и сите други кои биле, се, или ќе бидат болни од рак.

Фотографиите се направени во зградата на стариот Офицерски дом во Битола. Целта е како што вели битолчанецот да се подигне јавната свест за условите во кои живеат болните од карцином, но првенствено за енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ кое е причина за многубројноста на болните од карцином.

Во Битола и околината има регистрирано над 4.000 луѓе кои боледуваат од карцином (самиот град има околу 60.000 жители), а главната причина за тоа е непоставувањето на филтри од страна на РЕК Битола, незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и непостоењето на силно граѓанско општество кое ќе стави крај на сите овие прашања.

Ова мора да се сопре, јас го кревам гласот за оние кои не можат да станат и гласно да викаат за своите права и одземеното човечко достоинство. Повеќе не смееме да дозволиме да ни се случува еколошки геноцид заради хировите и каприците на поединци.

Идејата и концептот се на Никола Шиндре, фотографиите ги направи Александар Ковачевски, а асистент на проектот е Марија Најдовска.