Кој пушат повеќе, младите или повозрасните

0
234

Намалување на трендот на пушењето кај тинејџерите од 13 до 15 години и зголемување на бројот на пушачите од 15 до 64 години во однос на минатите години покажуваат податоците од истражувањето на Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден без тутун 31 мај кој оваа година се одбележува под мотото „Тутун-закана за развој“.

Лоши статистики има и за најмладите кои рано стануваат пушачи, а како најмала регистрирана возраст на пушач во Македонија е 10 години. Иако се свесни дека е штетно за здравјето, а и за домашниот буџет, тие ретко ги користат методите за откажување од цигарите. Поради тоа во Македонија годишно се пушат по 2.732 цигари по жител. Истражувањата покажале дека повеќето од пушачите меѓу адолесцентите се момчиња. Резултатите од истражувањето во групата 15-64 години покажува дека 46 отсто се пушачи, а 53,9 отсто непушачи. Во однос на полот, 54 отсто од мажите и 33 отсто жените се пушачи. Најголема разлика во проценти на пушачи со непушачи има во групата од 35 до 44 години, каде што 66 отсто се пушачи, а 34 отсто непушачи.

Речиси половина од населението на Република Македонија е зависно од цигари, се претпоставува дека годишно од пушењто и настанатите болести животот го губат околу 20.000 луѓе додека пак во светот околу шест милиони луѓе умираат од употреба на тутун секоја година Инаку Кина е на врвот на листата на земји каде што најмногу се консумираат цигари. Таму возрасните пушат во просек по 4.124 цигари годишно според податоците на Светската здравствена организација. По Кина следува Белорусија со 3.831 испушена цигара годишно, а потоа Либан (3.023).