Кој удри по Филип Втори

0
5141

Оштетен споменикот Филип Втори на Магнолија.Дел од мермерот од кој е изработен споменикот е скршен, распаднат и расфрлен околу него.Како дошло до оштетувањето на споменикот не се знае. Продавачите од околните дуќани зад камерата велат дека оштетувањето на споменикот настанало од силниот ветер кој што ја зафати Битола деновиве, други пак велат дека ова е вандалски чин.

15049600_10209819970967523_119014987_n

Не е убава работа, која да го направил од било која причина не е убаво, вели граѓанин

– Треба да се постават луѓе како обезбедување за да внимаваат на ваквите објекти, посебно да внимаваат во ноќните часови, смета граѓанин

-Жал ми е кога Битола ја гледам ваква. Градот секој ден се повеќе и повеќе е уништен, вели граѓанин

На Магнолија денеска и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска која тука одржа прес конференција, го коментираше споменикот.

-Многу пари отидоа за мермер, а завршија за стиропор. Многу пари потрошени за споменици,притоа никој не се грижи за она што е вредно историско наследство. 600- те милиони евра кои заминаа за неколку згради, за многу стиропори, мермер низ главниот град, можеа да бидат многу подобро искористени. Да го негуваме тоа што реално е вистинска историја и вредност на нашата татковина. Жалам што многу вистински споменици во Македонија се оставени на времето, на заборавот. Ниту се одржуваат, ниту се грижи некој за нив, изјави Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ

14971879_10209819973767593_1893165348_n

Оштетувањето на споменикот го искоментира и директорот на Завод и Музеј и го осуди како вандалски чин.

-Секој вандалски чин мора да се осуди. Не само од нас, не само од надлежните институции. Споменикот Филип Втори не е под наша надлежност. Сите досегашни вандалски чинови кои што беа направени врз фасадите , ние за сите имаме поднесено пријава до надлежните органи. Не смееме градот да си го уништуваме.Често спомениците на култура биле напад на вандали во Битола, изјави Зоран Алтипармаков, директор на Завод и Музеј-Битола.

14971944_10209819969047475_870865967_n

Споменикот на Филип втори беше поставен во 2011 година .

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY