Која апликација за испраќање на пораки е најпопуларна кај битолчани?

0
1347

Битолчани барем оние кои што ги анкетиравме ипраќаат пораки на Messenger и Viber . По
анализирањето на податоците на Андроид оперативниот систем во 187 земји ширум светот, откриено е која апликација за комунијација е глобално најпопуларна.What’s App е најпопуларната апликација за испраќање на пораки во светот, пренесува indy100.

-Често ги користам Messenger и Viber, вели битолчанка

-Најмногу Messenger и Viber, вели битолчанец
За разлика од кај нас What’s App апликацијата која што е во сопственост на Фејсбук доминира во Јужна Америка и Африка, како и во делови на Европа и Азија.Од 187 држави кои што биле анализирани, What’s App е најпопуларна во 55.6% од нив, вклучувајќи и некои од најголемите земји како што се Русија, Бразил и Индија. Сепак, What’s App „има проблем“ со пробивањето на пазарот во југоисточна Азија каде што дефинитивно е „најшарено“.Втора најпопуларна апликација за комуникација ширум светот е Messenger (исто така на Фејсбук), а потоа следува Viber кој е популарен во 15 држави, меѓу кои и Македонија.Можеби, најголемо изненадување претставува BBM, апликација од „минатото“ која што се уште добро се држи во Индонезија. Имено, оваа апликација во Индонезија е инсталирана на 85,7 проценти од уредите, за разлика од, на пример САД, каде што е инсталирана на само 0.42% од уредите.Се чини дека Индонезија е „последното упориште“ на Блекбери телефоните