Која е Наташа Петровска, кандидатот на СДСМ за Битола

0
19941

Родена 18.12. 1971 во Битола. Завршено основно образование во Д-р Трифун Пановски Битола, средно во гимназијата Јосип Б. Тито, дипломиран професор по математика на Природно Математичкиот факултет во Скопје при универзитетот Св Кирил и Методиј. М-р по менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент Скопје. Вработена како професор од 1995 во СОТУ Ѓорги Наумов Битола, со дополнување на часови и во економското Јане Сандански веќе четири години. Работела и пет години во Приватна Гимназија Битола. Таа е сопруга и мајка на две деца.

Потекнува од семејство каде најзастапена како професија е учителствувањето и музиката. После војната нејзиниот дедо образувал низа возрасни кои станале наставници во Битола, а нејзина посебна гордост е брилјантната интерпретација на Битола Бабам Битола од нејзиниот чичко Добри Ставрески.

Сака да чита, да танцува, да шета во природа, го сака спортот, во јуниорска конкуренција има освоено сребро на државно ниво по пинк понг, но најдраго од се’ и биле децата и работата со нив.  Вели дека училницата до сега била нејзина радост, свет, нејзино поле на еукација на млади луѓе на нивниот пат.

Вели дека во неа длабоко, е огромната љубов за математиката која ја има во секој предмет и се’ друго од нашето опкружување – особено ГЕОМЕТРИЈАТА.

Во политиката е активна веќе 16 години. Нејзини позначајни функции биле член на ИО на ОО Битола во два мандати, член на ИО на СДСМ Мкедонија 4 години и актуелен координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола.

Без коментари