Која е разликата меѓу настинка и грип?

0
998

На врвот на сезоната на грипот, со вести полни со информации за смртни случаи од грип и сеќавања на „шпанскиот грип“ од пред скоро два века, секое кувнување или закашлување, ни предизвикува напади на паника, а антибиотиците одат како алва, со потреба или без.
Со овие панични реакции возрасните некако и се справуваат, но деновиве највознемирени се младите, новопечени родители, чии дечиња станале малку „кенкави“ од покачена температура или грчени, а тие неискусни и загрижени ги преполнуваат педијатриските ординации.
Еве малку помош. Како да ја разликувате обичната настинка од „злобниот“ грип, како да се заштитите и како да ги лекувате.

„Настинката настапува постепено со симптоми како течење на носот, покачена температура и кашлање, додека грипот настапува одеднаш и го соборува целиот организам“-вели Прим. Д-р Билјана Мишиќ-Боцевска, спец. Педијатар.

„Така растат децата“ кај нас е стандардна изјава на постарите после секоја настинка или повреда на дечињата. Има ли вистина во тоа дека децата подобро се справуваат со настинките и грипот од возрасните и дека тоа го гради нивниот имунитет.

„Со секоја прележана настинка или грип имунитетот на децата станува се посилен“-вели Прим. Д-р Билјана Мишиќ-Боцевска, спец. Педијатар.

Без коментари

LEAVE A REPLY