Која е улогата на црквата во македонското револуционерно движење?

0
416

Која е улогата на црквата и учеството на свештениците во македонското револуционерно движење? Свое видување имаше и Владиката Петар кој зборуваше за верско-политичките прилики во Македонија пред Илинденското востание.

-Македонските свештеници во текот на сите востанија беа со народот. Им даваа совети, со молитви, полагање заклетви, добар дел од нив биле и жртви, изјави Владиката Петар.vladika tribina

Во многу записи имало постоеле информации како црквата помагала во македонската борба, но имало и негативни примери.

-Поп Ставревата провала, кога поп Ставре ги предаде главните организатори на македонската револуционерна борба за 30 лири, изјави Владо Кузмановски, историчар.vladoi

Трибината беше организирана од Здружението за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев од Битола и Преспанско-пелагониската епархија по повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба.