Која е Вашата публика?

0
356

Младински културен центар – Битола организираше дискусија на тема Развој на публика. Заедно со  претставници од независниот културен сектор во Македонија кои ќе имаат можност да ги рефлектираат своите искуства, да разговараат и да предлагаат можни начини и мислења на темата.

На дискусијата  беа oтворени прашањата, Кој е вашата публика? Како дознавате за неа? Како би го дефинирале односот меѓу вашата публика и вашата организација? Какви одговорности има вашата организација кон публиката, а какви публиката кон вашата организација?

11-11-still005

Како и кога се сретнавте со концептот „развој на публика”? Преку донаторите, преку литературата, преку научни студии, преку странски партнери? Дали постои (дис)континуитет во размислувањата за публиката во поглед на претходни периоди (социјалистичкиот и транзицискиот период)?

Според вас, што значи „развој на публика” и какви односи налага меѓу публиката и организацијата? Дали постојат други концепти што според вас се поадекватни (едукација, медијација, комуникација, соработка…)? Кои активности во работата со публиката не спаѓаат во овој концепт?

Дали имате стратегија за развој на публика? Зошто да, зошто не? Дали е таква стратегија можна или потребна во нашиот контекст? Ако да, тогаш како да се дојде до неа?

11-11-still007

Кои се спецификите на развојот на публика во граѓанските организации? Кои се сличностите и разликите? Кои се специфичните потреби на публиката и/или организациите?

Оваа дискусија се реалзиара во рамките на регионалниот проект “Audience is looking at you” кој партнерски го реалзираат МКЦ – Битола, Независна културна сцена на Србија и Младински културен центар Абрашевич од Мостар со поддршка на програмата за регионална соработка на Регионалната платформа за култура Кооператива.