Која општина е со најголема веб-транспарентност?

0
135

Центарот за управување со промени и Здружението за одржлив развој АЛКА, со поддршка на ЕУ и Британската амбасада, го спроведоа проектот „Граѓанинот на прво место”, чија основна цел беше подобрувањето на транспарентноста на единиците на локалната самоуправа преку воспоставување стандарди за отворени податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата и донесувањето одлуки од страна на општините.

Денес, граѓаните очекуваат сите информации да ги добијат преку интернет, па, според тоа, локалните самоуправи треба да дејствуваат проактивно и да ги објавуваат сите значајни информации на своите веб-страници“.

За таа цел, беше спроведена анализа на транспарентноста на веб страниците на единиците на локалните самоуправи со цел да се утврди колку тие транспарентно објавуваат информации кон граѓаните и заинтересираните страни. Анализата е направена на сите 80 општини и градот Скопје“, објаснуваат од ЦУП и АЛКА.

Според барометарот на веб транспарентност, Општина Битола се наоѓа на прво место во споредба со сите други општини во Република Македонија, со 47, 44% исполнетост на индикаторите на веб транспарентност, соопштија од Општина Битола.

Без коментари