Која популација најчесто страда од аортна стеноза?

0
882

Аортата е главна артерија која носи крв директно од срцето. Кога срцето ја истиснува крвта, залистокот кој се наоѓа на почетокот на аортата овозможува крвта да се движи во една насока од срцето кон артеријата. Со текот на времето поради дегенеративни промени, механичките функции на залистокот може да бидат нарушени. Во случаи на аортна стеноза, залистокот може да биде стеснет и да не се отвора целосно. Д-р Даниела Пројевска, кардиолог, објаснува дека аортна стеноза се јавува кај различна популација бидејќи причините за нејзино настанување се различни.

-Вроден срцев дефект. Аортната валвула нормално се состои од три листа. Но, понекогаш се раѓаат дечиња со само две или четири ливчиња. И покрај тоа што овие залистоци функционираат нормално, кај нив се јавуваат проблеми – најчесто аортна стеноза порано во животот. Затоа е потребна редовна кардиолошка контрола порано во животот и следење со ехо. Калцификации на залистокот. Со текот на годините, на срцевите залистоци може да се акумулираат депозити на калциум. Присутноста на овие депозити влијае на еластичноста на залистоците, кои со текот на време стануваат сè покрути и ја губат еластичноста. Тоа ја нарушува механичката функција на залистоците и тие потешко се отвораат. Таа состојба е поврзана со возраста и е типична за мажи над 65-годишна возраст и жени над 75.Ревматска треска. Стрептококните инфекции на грлото може да се пренесат и на срцевите залистоци, најчесто на митралниот залисток, но понекогаш и на аортниот. Лечењето на овие состојби е со антибиотици, но промените на за- листоците може да доведат до состојба на аортна стеноза, вели д-р Даниела Пројевска, кардиолог во Аџибадем Систина.

Симптомите се Замор за време на зголемена активност,Останување без здив при напор,Понекогаш, болка во градите (ангина) или стегање,Несвестица, или несвестица при напор (синкопа).Ако пациентот подолго време има нерешена аортната стеноза може да се јави и срцева слабост, која се манифестира со замор, недостиг на воздух. Но прв знак кој би покажал дека настанува некоја промена кај соодветниот пациент е шум на срцето, вели д-р Пројевска

Низок крвен притисок може да биде сигнал за аортна стеноза, но основ на дијагностичка метода е ехо на срце. Со оваа метода може да се утврди и степенот на аортната стеноза и со тоа да се одреди каков третман ќе биде најадекватен.

Со денешните методи на дијагностика, со тоа што луѓето размислуваат дека мора да правт прегледи и со се подобрата едукација на населението дека превентивните прегледи имаат голема улога, дене има многу мал број на пациенти што имаат недијагностицирана аортна стеноза, додаде д-р Пројевска