Колапс на повеќе аеродроми

0
538

Неколку големи аеродроми во светот се во целосен хаос, а илјадници патници со часови чекаат во редови, откако откажаа компјутерските системи за пријавување, објави британски Телеграф.

Патниците досега пријавиле проблеми на аеродромите Гетвик во Лондон, Шарл де Гол во Париз, Роналд Реган во Вашингтон, како и на аеродроите во Франкфурт, Сингапур, Јоханесбург и во Цирих.

Проблемот настанал во софтверскиот систем Амадеус Алтеа, што го користат голем број авиопревозници.

Без коментари