Колбасите и шунката исто канцерогени како цигарите

0
885

Сите уживаме во тенко парче пршута, сочен тост со салама и кашкавал, ордеверче за предјадење, речиси и да нема визита, или гости без сувомеснати прозиводи или месни преработки на маса, но најновите податоци на Извештајот на чија основа СЗО соопштила дека преработените месни производи предизвикуваат рак, го направиле 22 експерти од десет земји кои се дел од Меѓународната агенција за истражување на рак при СЗО, со седиште во Лион, се фрапантни. Преработеното црвено месо може да предизвика рак на дебелото црево, потврдија и експерти на Светската здравствена организација. Под преработено месо се подразбира месо третирано со различни процеси за да му се продолжи рокот на траење, како чадење, сушење, додавање сол и конзерванси. Како што е наведено во соопштението, под црвено месо кое било истражувано се сметаат говедското, телешкото, свинското, јагнешкото, овчото и коњското.Виршлите, сланината, шунката и колбасите, спаѓаат во групата канцерогени производи како тутунот, азбестот и издувните гасови, според истиот Извештај, а високата температура на термичката обработка, како што е на пример скарата, исто така може да создаде канцерогени хемиски материи.
Тврдат дека постојат неспорни докази дека таквите месни производи предизвикуваат рак. Според извештајот, 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот од рак за дури 18 отсто. Оваа одлука не значи дека треба да престанете да јадете црвено или преработувано месо, но доколку го јадете премногу, можеби би требало да размислите за намалување. Не може да биде штетно доколку од време на време изедете сендвич со сланина, бидејќи здравата исхрана пред сè значи умереност, рекол професор од Британската агенција за истражување на ракот.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY