Коледарска Литија во Ресен

0
613
Под покровителство на Градоначалникот на Општина Ресен, а во соорганизација на Општина Ресен и Ресенското Архиерејско намесништво на Македонската православна Црква , денес по одржувањето на свечената боженствена литургија, во Храмот Св. Ѓорѓи во Ресен , 150 –на деца од ресенските основни училишта и детската градинка носејќи ја в раце импровизираната пештера во која се родил Исус Христус, продефилираа  низ градските улици, пеејќи ја свечената коледарска песна Вечниот Бог со што за прв пат во Ресен и Преспа се одржа Свечена Коледарска Литија. Организаторите на овој настан и Ресенското архиерејско намесништво очекуваат овај настан да прерасне во традиционален.

На учесниците во Литијата , Во Малата сала на Опоштина Ресен Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски им подари коледарски пакетчиња.