Колкав е ефектот на странските инвестиции врз македонската економија

0
543

Половина од населението во Прилеп, Битола, Кавадарци, Долнени и Демир Хисар сметаат дека странските директни инвестиции имаат позитивен ефект врз Македонската економија, повеќе од половина го подржуваат отварањето на нови тејхнолошко индустриски развојни зони и скоро цело население од испитаниците смета дека треба домашните фирнми да ги добиваат истите привилегии како и странските директни инвестиции. Овај е заклучокот од анкетата на Здружението на млади аналитичари и истражувачи која што денеска на трибина ја споделија, дебатираа со заинтересираните субјекти, со цел да се помогне во креирање на подобри јавни политики во државата кои би биле во прилог на локалната заедница.Во однос на прашањето дали придобивките или трошоците за привлекување на странски инвеститори се поголеми, ставовите на граѓаните биле поделени

На ниво на Пелагонија од 2012 кога стапката на вработеност била 43,8 %, во 2015 година таа стапка на вработеност се зголемува и изнесувала 53,8%

Политичката криза може негативно да влијае врз доаѓањето на странски директни инвестиции, а домашните се во втор план, е ставот на економистите

Денешната трибина е во рамки на проектот „Влијанието на владините субвенции за странските директни инвестиции, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст’’ поддржан од УСАИД а спроведена од Фондацијата Отворено општество – Македонија.