Колкава е искористеноста на енергетската ефикасност?

0
676

Колкава е искористеноста на енергетската ефикасност во Македонија во споредба со останатите земји од светот? Компании кои што досега излегле на пазарот имале заштеда од околу 40% во споредба со претходната потрошувачка

lulijana

– Тешко е да се предвиди се зависи со какво темпо се одвиваат тековните активности. Ако кажеме дека постои интерес и тој интерес треба да се искористи и може да биде инпут за забрзување на активностите, но може уште многу да се направи затоа што вториот бран на либерализација покажа дека компаниите околу 240, кои што веќе излегле на пазарот, имале заштета од 40% во споредба со потрошувачката, изјави Јулија Пешпетска консултант за стратешки комуникации

Претставници од јавниот и приватниот сектор во Битола денеска преку обука и дебата слушнаа како да се оствари натамошната операционализација на законската регулатива во доменот на енергетската ефикасност и за јакнење на свеста за нејзиното значење како релевантен ресурс. Министерството за економија кој што ја спроведува кампањата „ Наша енергија-наша сила“, во рамки на проектот изработи двојазичен водич-брошура и краток филм за придобивките од вградување на системот за следење и управување со потрошувачката на енергија.

debata

– Освен обуки за софтверската алатка Ехcite обуката опфаќа и информирање за новиот образец за изработка на тригодишни програми за енергетска ефикасност, додаде Пешпетска

Вакви дебати ќе се одржат во осум плански региони во Р.Македонија, а Министерството за економија изработи и нова веб страна www.energetska-efikasnost.mk

 

Без коментари

LEAVE A REPLY