Колку чини добивањето на Оскар

0
1200

Се проценува дека Холивуд за оскаровската кампања троши од 100 до 500 милиони долари секоја година, иако за тоа никој не сака јавно да зборува.
Но продуцентот и блогер Стивен Фалоуз дошол до податоци според кои една кампања за најдобар филм чини околу 10 милиони долари, со тоа што најмногу се троши на огласување, на медиуми, таленти и публицисти.

Во сезоната на Оскарите, големите студија агресивно плаќаат огласи кои ги потсетуваат гласачите на нивните ѕвезди и филмските заслуги кои ги имаат. Според неофицијални податоци оглас на насловна страна на магазинот Hollywood Reporter достигнува сума до 72 000 долари.

Во 2011 година актерката Мелиса Лио, лута на фактот дека воопшто не била присутна во водечките медиуми, сама ја платила кампањата за да се промовира себеси и улогата во филмот „Боксер“, што на крајот се исплати бидејќи беше наградена со Оскар за споредна женска улога.

Уште еден интересен податок е тоа што кога машки актер ќе добие Оскар неговиот хонорар се зголемува во просек за 3.9 милиони долари, додека кај жените зголемувањето е само 500 000 долари, пишува Би Би Си.

Колку годинешниве добитници на оскар вложиле во своите кампањи останува да се проучи за да се види до следните доделувања.

Без коментари

LEAVE A REPLY