Колку чини подготовката на ученик ?

0
1528

Родителите вчера на првиот училишен ден беа среќни и возбудени поради нивното дете што почнува прво одделение. Но со почнувањето на школската година почнува и нивниот финансиски товар врз буџетот. Веднаш од наставниците добија ливче за купување на потребниот школски прибор за своето дете.

2.1 Само за основните неопходни работи треба од својот буџет да одделат од 1500 до 2000 денари, не сметајќи ја цената на ранецот. Некој купувал од поефтиниот прибор, некој од поскапиот, зависи со колкав буџет располага семејството. Квалитетот ја диктира цената, велат од Office Store во Битола

-Наставниците пред да почне школската година им даваат на учениците список се она што им е потребно, доаѓаат кај нас ние само ги паковаме и си ги земаат. Со колкав буџет располага семејството тоа купува. Има поевтин и поскап прибор. Само за основиот школски прибор треба да одвојат од 1500 до 2000 денари, изјави Диме Шутевски, менаџер за продажба во Office Store

2

Книжарниците преполни со роба ама купувачи слабо. Нема нешто што нема. Од тетратки обични до тетратки со омилените ликови од цртаните филмови.Истото е и со останатиот прибор, Фломастери има од 60 до 150 денари, дрвени боички од 80 до 150 денари, тетратки од 10, 25 па до 45 денари, острилки од 20 до 80 денари итн. Но и покрај тоа што има се во книжарниците, продажбата од година во година е се помала и помала, велат од Office Store.

-Од година во година продажбата е се помала. ПРичината е економската состојба во државата, а голем удел има и иселеноста на граѓаните од државата, изјави Диме Шутевски, менаџер за продажба во Office Store

tetratki

Новата учебна година подразбира и нова гардероба. Родителите зад камерата на ТЕРА коментираат дека ако се додаде и износот за нова гардероба, тогаш за едно прваче или воопшто за еден ученик домашниот буџет ќе се скуси за 6 до 10 илјади денари.

Потрошувачка кошница за едно четиричлено семејство е 32.325 денари ,просечната плата по вработен, изнесува 22 187 денари а минималната плата во Македонија е 10.080 денари.knizara 4

Па како да се протурка месец септември кој покрај трошоците за школската година граѓаните имаат уште една главоболка а тоа се трошоците за зимница .