Колку дена се потребни за посмртница?

0
2245

Четири дена битолчанецот Вангел Бакулев не може да изваде посмртница за својот татко од матичното одделение во Битола. Вели дека секој ден одел по неколку пати, од каде што бил враќан поради тоа што документѕот не бил готов.
За издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се: Лична карта на законскиот наследник, Барање за издавање на извод од матична книга на умрени, 100 ден. административна такса и уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги. Но и покрај овие документи Бакулев не можел да си ја земе посмртницата за својот татко.
Од матичното одделение ни рекоа дека постапката за извод од матична книга на умрени траела неколку денови бидејќи требало повеќе време да се ажурираат сите потребни податоци, и додаваат дека Бакулев сакал за еден ден да го добие решението за посмртница, и затоа настанало недоразбирање.