Колку е опасно ако бебето се роди пред терминот?

0
2703

Бебето родено пред 37. гестациска недела од бременоста се смета за недоносенo, односно предвремено роденo бебe. Се смета дека 24. гестациска недела од бременоста е најраното време кога бебето е доволно развиено и може да преживее, но со помош на неонатална интензивна нега,, вели др Антони Христовски педијатар од Аџибадем Систина .Колку е опасно ако бебето се роди пред терминот?

-Предвремено родените бебиња се мали и недоволно развиени, со телесна тежина помала од 2.500 грама. За екстремно незрели бебиња се сметат тие што се родени пред 28. гестациска недела и овие бебиња се посебно чувствителни. И токму поради предвременото породување, во одредени случаи кај овие бебиња можни се здравствени компликации како:
•    Проблеми со дишењето (хронични проблеми со белите дробови)
•    Кардиоваскуларни проблеми
•    Жолтица поради незрелоста на црниот дроб
•    Проблеми во исхраната (неможност да го координира цицањето, намален тонус, конвулзии)
•    Нарушување во крвните садови
•    Склоност кон инфекции, изјави д-р Антони Христовски, педијатар во Аџибадем Систина

Инфекциите за време на бременост најчеста причина за предвремен пораѓај кај жената.Основните карактеристики на предвремено роденото бебе се општа незрелост на органите и системите кои се важни за живот. Кожата кај бебињата е тенка и покриена со мали влакненца, а крвните садови се многу видливи. Мускулите и поткожното масно ткиво се слабо развиени, па предвремено родените бебиња изгледаат ситни и слаби.Дали сите предвреме родени деца се ставаат во инкубатор?
-Во првите денови од животот предвремено родените бебиња имаат незрел систем за регулација на телесната температура, па без помош на регулација на температурата не можат да ја одржат нормалната телесна топлина. Во инкубаторот лесно се регулира температурата и влажноста на воздухот. Исто така, инкубаторот претставува изолирана средина и на тој начин го штити бебето од инфекции.
Предвремено родените бебиња остануваат во болница во зависност од тоа колку се предвреме родени, како и нивната здравствена состојба. Ако се незрели, со мала телесна тежина, бебињата остануваат подолг временски период бидејќи им е потребна грижа и следење од медицински лица.Смртноста кај предвреме родените бебиња е под 5 %, додава д-р Христовски
Мајките често се прашуваат Дали предвремено роденото бебе може нормално да се дои?
– Секоја капка од вашето млеко е од непроценливо значење за новороденчето, особено кога тоа е предвреме родено или, пак, болно. Бидејќи станува збор за недоносено бебе најчесто тие имаат проблем со цицањето додека не зајакнат и не се развијат доволно. Затоа најдобро е да го измолзете своето млеко со помош на пумпа за измолзување и да му се даде на бебето преку сонда, вели д-р Христовски

Кога предвременото родено бебе ќе ги стигне своите врсници зависи од генетските фактори, средината, дали има некои хронично заболување, невролошки проблеми. Доколку нема никакви компликации, предвремено роденото бебе до три години може да ги стигне своите врсници, вели др Христовски