Успехот круна после нашата ТВ сторија

0
2569

Колку една телевизиска сторија може да има ефект? По објавувањето на приказната на ТЕРА ТВ која што потоа ја емитуваа и други медиуми, а во која беше упатен апел за помош за обезбедување средтва за патувањето и настап на меѓународниот натпревар по street workout или улична гимнастика, неколку битолски компании му излегоа во пресрет младиот битолчанец Андреј Марковиќ. Тој од Ваљево се врати со еден златен и два сребрени медали

– Од околу 100 тина учесници на натпреварот од просторите на поранешна Југославија, Марковиќ го освои првото место за кревање на вратило со оптеретување од 20 килограми, второ место за кревање на вратило без оптеретување и второ место во дисциплината склекови.Конкуренцијата беше многу голема, изјави Андреј Марковиќ

Своите вештини во овај спорт кој вклучува многу акробации и може да се каже дека спаѓа во категоријата на опасни спортови, Андреј ги стекнал после многу сати вежбање во текот на денот. Тука не застанува, го чека меѓународниот натпревар во Хрватска

9 те Македонските натпреварувачи од Битола, Скопје и Куманово освоија вкупно 20 медали во различни категории. Натпреварот во Ваљево се одржуваше три дена од 23 до 25 јули. Андреј Марковиќ го освои и првото место за склекови на меѓународниот натпревар по улична гимнастика кој што се одржа неодамна во Куманово .