Колку ги разбираме нивните проблеми и потреби?

0
422
За поефикасно справување со аутизмот е потребно фокусирање на раната дијагностика и превенција, повеќе дневни центри низ Македонија за децата со аутизам и, пред се’, отворање дијагностички центар за аутизам и оформување регистар на лица со ова нарушување во Македонија.
7
Од здружението Марко Поло велат дека се уштe наидуваат на потешкотии соочувајќи се со нивните секојдневни проблеми и потребите на нивните деца, законот за дијагностицирање се уште не е изготвен и не може да се има официјалната бројка на деца.
autizam
Здружението за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА” посочува дека се соочуваат со проблеми бидејќи како што велат другите луѓе не се доволно едуцирани за тоа што значи интелектуална попреченост.
autizam 1
Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и општина Битола, а на иницијатива на Здружението за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА” и Здржението за аутизам „Марко Поло Експлорер”, денеска официјално беше пуштен во употреба едукативниот центар за деца и лица со попреченост во развојот.
4
Просторот го обезбеди општина Битола, а Министерството за труд и социјална политика издвои средства со цел истиот да биде ставен во функција на оние на кои им е најпотребен.
„Мислам дека е многу значајно затоа што тоа е една категорија на наши граѓани за кои треба многу љубов и многу трпение. Општина Битола направи еден голем чекор со овие две здруженија и секако, инистерството за труд и социјална политика. Се работи за деца за кои треба да направиме се нивниот талент да дојде до израз” изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Третманот на лицата кои ќе го посетуваат овој центар треба да биде интензивен, континуиран и мултидисциплинарен.

Националната заедница на аутисти на Велика Британија создаде видео, чија цел е да покаже колку е тешко за едно дете со аутизам да ги доживува нештата во заедница во која луѓето без аутизам лесно се снаоѓаат.

Лицата со аутизам имаат преголема перцепција на сите сетила, и поради тоа и обична прошетка низ трговски центар може да биде премногу, како што покажува видеото.

Светлата се заслепувачки, звуците прегласни, а сликите страшни, а момчето се труди да ги процесира сите тие информации од неговите сетила.

„Не сум палав – аутистичен сум“, е пораката која хуманитарната организација ја испраќа преку кампањата, за да им помогне на луѓето да го разберат аутизмот.

Без коментари

LEAVE A REPLY