Колку ќе чини „први септември“?

0
589

На околу 10-тина дена до почетокот на школската година, книжарниците во Битола преполни со школски прибор, но купувачи слабо. Ако во минатото родителите купуваа пред да почне школската година, сега ги чекаат инструкциите од наставниците за да купат се наеднаш, и да не се изложуваат на непотребни трошоци, вака велат од книжарницата Office Store во Битола. На родителите ќе им требаат од 1000 до 1500 денари да одвојат од својот буџет само за школски прибор не вклучувајќи ја цената на ранецот.

– Сега граѓаните почнаа да доаѓаат и да прашуваат колку ќе ги чини школскиот прибор. Купуваат откако ќе почне школската година кога ќе им кажат наставниците, каков школски прибор им е потребен.Отприлика моливи, тетратки, фломастери, боици ќе ги чини од 1000 до 1500 денари, изјави Диме Шутевски менаџер за продажба во Office Store

Цената на ранецот се движи од 1000 па до 3000 денари, зависи од квалитетот. Најчесто, како што велат од Office Store, ранецот родителите го купуваат по желба на детето, со омилениот лик од цртаните филмови, и во зависност од буџетот со кое што располага семејството. Цената на тетратките се движи од 10 па до 50 денари, моливите од 10 до 30 денари, гумите и острилките од 20 до 120 денари, фломастерите пак од 70 денари па нагоре.

Државниот завод за статистика пресмета дека просечната нето плата во јуни изнесувала 22.808 денари. Лесно е за оние граѓани кои што земаат повеќе од просечната плата, но тешко е за оние кои што живеат со минималната до 12 илјади денари. Според кажаното, ако од домашниот буџетот се одвои од 1000 па до 1500 денари за школски прибор, за ранецот од 1000 до 3000 денари, и на сето тоа ако се додаде и основната училишна гардероба на детето, па има семејствата кои имаат по две или повеќе деца-ученици, значи дека домашниот буџетот во месец септември на семјствата кои имаат ученик би се скусил за 5 до 6 илјади денари.

Сигурно повеќето би се запрашале како да се протурка месец септември кој покрај трошоците за школската година , граѓаните имаат уште една главоболка, а тоа се трошоците за зимница.

Без коментари