Колку лица се вработиле со проектот „Македонија вработува“ во Битола?

0
169

Со проектот „Македонија вработува” што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега во Македонија се вработени 3.140 лица, а од нив 120 во Битола, информираше министерот Диме Спасов при посетата на Центарот за социјални работи во нашиот град.
Проектот, нагласи Спасов е многу значаен, зашто ќе помогне во намалување на невработеоста во Македонија и помага да се отворат нови работни места во приватниот сектор.
Проектот „Македонија вработува” како што рече министерот опфаќа вработување на невработени до 35 години, невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица постари од 50 години, невработени од ранливи категории граѓани, и лица постари од 58 години. За нивното вработување државата ќе ги покрива придонесите во период од една до шест години, зависно од тоа за која категорија невработени се работи.