Колку од Македонците имаат бугарски пасош?

0
1502

Точно 62 049 странски државјани добиле бугарско државјанство во последните пет години, соопшти бугарскиот министер за правда Екатерина Захариева во одговор на пратеничко прашање.

Огромен дел од нив (60 194 лица) добиле државјанство врз основа на „бугарско потекло“, а 1 855 врз основа на „заедничка натурализација“.

Од извештајот на министерот за правда, станува јасно дека само 6% или 3574 од луѓето кои поднеле за бугарска патна исправа биле одбиени.

Главниот дел од оние  кои добиlе бугарско државјанство врз основа на „потекло“се државјани на Македонија, Молдавија и Украина.

Иако се фалат дека најмногу Македонци бараат бугарски пасош, сепак реално ситуацијата не е таква, но е многу блиску до тоа. Бугарските власти дале државјанство на 808 странци во 2013 година, покажаа ланските податоци на Еуростат. Речиси половина од нив се Украинци (16,6%), Молдавците (16,3%) и Македонци (15,9%). Овие бројки веројатно се зголемиле во последните две години зошто сепак интересот за ваква патна исправа секојденвно расте и се повеќе граѓани тропаат на вратата на соседното Министерство со документи в рака за да добијат државјанство.

Најголемиот број од овие пасоши се поради можноста со бугарски пасош полесно да се дојде до работа во земјите од ЕУ. Статистиката на ЕУ ги става македонците трети на листата најбројни по добиени државјанства во Бугарија.

Факт е дека бројот констатнтно расте а источниот регион и градот Делчево и понатаму се рекордери по извадени и поднесени барања. Речиси 70% од жителите на Делчево веќе имаат двојно државјанство, а таму можете да ги најдете и посредниците.