Колку пари Битола ќе добие од државата?

0
508

-Битолските политичари не смеат да ја заборават Битола.

Политичарите од Битола треба да знаат дека пред се се битолчани, а потоа членови на политичка партија. Тоа значи дека тие треба да се грижат за интересите на Битола и битолчани, а не за интересите на партијата.

За жал со буџетот на Р.Македонија за 2016 година, Битола повторно е оставена да тоне и пропаѓа

Скопјани и владата на Вмро – Дпмне повторно Битола ја оставаат да биде слепо црево.

Пратениците од опозицијата од Битола предложија амандман за заштита на животната средина во Битола, Могила и Новаци преку инвестиции во РЕК Битола, амандаман за изготвување на нов ГУП (генерален урбанистички план) на Битола, амандман за изградба на планинарскиот дом Копанки.

Сите амандмани предложени од битолските пратеници од опозицијата, беа одбиени од Вмро – Дпмне.

Трагедијата, за нас битолчаните, да биде уште поголема е тоа што овие амандамни кои се однесуваа за развој на Битола и за здравјето на битолчани, не беа подржани односно против нив гласаа и пратениците од Вмро – Дпмне од Битола.

Ваквиот вазалски и поданички однос кон скопјани и лидерите на политичките партии треба еднаш засекогаш да престане.

ЛДП бара во името на Битола, во името на битолчани и во името на нашата битолска гордост претставниците на Вмро – Дпмне од Битола, да се оградат од ваквото делување на битолските пратеници од Вмро – Дпмне, со цел во иднина повеќе на никој да не му текни интересите на Битола и битолчани да ги става во втор план, изјави Александар Касапов, ЛДП Битола