Колку пари потрошила државата за странските инвеститори?

0
200

На прес-конференција во Владата ќе биде претставен првиот дел од Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија за периодот од 2007 до мај 2017 година. Од владината прес-служба информираа дека анализата е направена по декласификација на договорите потппишани од претходната влада. Оттаму информираат дека поради обемноста на материјалите денешната прес-конференција ќе биде прва за оваа тема, а во наредните денови ќе следува и втора.