Колку пари се собраа за помош на настраданите?

0
426

На отворениот телефонски број 143-400 и во Фондот на солидарност што ги отвори Црвениот крст на Македонија за девет дена се собрани над 648 илјади евра.

Телефонскиот број што беше активиран во неделата, ден после поплавата, во заедничка акција на Црвениот крст и на двата мобилни оператора “Македонски Телеком” и “Вип” се собрани 210 илјади евра, а на жиро сметката за донации, заклучно до 15 часот вчера биле собрани 438 илјади евра.
“Телефонската линијата за донации ќе биде отворена 15 дена, односно до 21 август. Продолжувањето на акцијата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и на правните субјекти за донации. Потоа ќе направиме пресек и на јавноста ќе $ презентираме сè. Парите што ќе бидат собрани ќе им се поделат на трансакциска сметка на настраданите откако ќе се направи проценка на штетата”, велат од Црвениот крст.
На сметката за донации до пред два дена донирале над 70 компании. Помош била испратена и од наши иселеници во странство, но и од организациите на Црвениот крст во другите земји.
Црвениот крст информира дека сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.