Колку подолго трае кризата, потешко ќе се излезе од неа

0
193

Колку подолго трае политчката криза, толку потешко ќе биде да се излезе од неа.

По средбата со премиерот Никола Груевски, американскиот конгресмен Елиот Енгел со повик за поскоро решение.
Единствениот коментар што го имам за актуелната криза е дека се надевам дека лидерите ќе најдат излез што е можно побргу, рече Енгел кој претходно имаше серија средби со македонски политичари.
На прашањето дали Груевски треба да поднесе оставка од функцијата за да се отвори патот за излез од кризата, Енгел рече дека тоа исклучиво зависи од народот во Македонија, а не од Американците или од него.