Колку правни и физички лица се блокирани?

0
481

Само за еден месец, бројот на блокирани физички и правни лица се зголеми за нови 511. Новите податоци што ги објави Народната Банка а се однесуваат на првиот економски квартал од годинава, или заклучно со март, вкупниот борј на блокирани депоненти изнесувал 115 925. Од нив 81 617 се физички лица под блокада, чии број во однос на март 2016 година е зголемен за нови 4 581 лице со блокирани сметки. Под блокада пак се 34 308 фирми и на годишно ниво се забележува намалување на бројот на блокирани правни лица. Заклучно со март под блокада биле вкупно 241 646 трансакциски сметки.

Блокирани трансакциски сметки:
јануари 242 389
февруари 240 348
март 241 646

Споредбената анализа покажува дека на месечно ниво, или во март во однос на февруари бројот на блокирани сметки е зголемен за скоро 1 300 новоблокирани. Од вкупниот борј на блокирани трансакциски сметки, 189 730 се на физички лица, а 51 916 се на правни лица.

Во март во споредба со април регистриран е раст на бројот на блокирани сметки и на физички и на правни лица.

Со оваа статистика се опфатени блокадите на депоненти и на трансакциски сметки во банките по основ на конечни извршни решенија за направени а неплатени долгови.

Без коментари