Колку се почитуваат гаранциите на производите?

0
215

Статистиката на советодавното биро на Организацијата на потрошувачи во Битола за првите 4 месеци од годинава, најмногу преставки добило за гаранции и гарантни листови како и на занаетчиските и сервисните услуги. Потошувачите најмногу се жалеле, во што Организацијата гледа поврзаност на овие два проблеми.

Затоа што гаранциите и гарантните листови се претпоставува дека треба да имаат обезбеден сервис со оглед дека белата техника зазема најмногу од семејниот буџет ова е сериозен проблем, вели Снежана Димитровска од Организацијата на портошувачи Битола.

Многу пати како советодавно биро имале посочено дека Државата е неопходно да најде некаква мерка на незвисно тело, лабораторија, која ќе биде меродавна, со технички издржана и стручна констатација во проценката за квалитетот и причината од која одреден производ е расипан.

Се мисли белата техника за што имаме еден друг проблем како со мобилните телефони каде операторите, секогаш вината ја префрлаат кај потрошувачот, дека тој физички го оштетил или потопил во вода, додава Димитровска.

Од Организацијата на потрошувачи напоменуваат дека значително намалување има во поплаките за изминат рок кај храната за што велат најверојатно е подигнато нивото на свесност и информираност на поротшувачите да го проверуваат рокот на тарење на поризводите и условите во кои се продаваат прехрамбените производи.