Колку сме подготвени за реакција во кризна ситуација

0
391

Регионалната дирекција за заштита и спасување во соработка со територијалната против-пожарна единица, службата за итна медицинска помош, Црвен крст и претставници на општина Битола изведоа заедничка превентивна акција за спасување лица од висококатница од објект на ЗК „Пелагонија“, односно порашната зграда на Жито Битола.

„ Досега сме организирале околу 180 обуки низ кои се сертифицирани околу 7.000 лица кои работаат во различни фирми, компании и служби и кои умеат веднаш да интервенираат во случај на пожар и други непогоди. Секоја обука за вршува со нова оспособеност на учесниците и важно е да се одржуваат вакви обуки бидејќи за жал се случува многу луѓе да не знаат да употребат и против-пожарен апарат“ истакна Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување.

„ Освен стручните лица кои се вклучуваат во акциите за заштита и спасување, при интервенции треба да помагаат и други вработени лица во соодветна фирма или институции. Општина Битола ќе го поддржува обучувањето лица кои треба да се вклучат при елементарна непогода или други неприлики. Важно е првата средба со несреќата да не биде панична туку присебна со правилен начин на справување, а за тоа значајни се обуките и ние тоа ќе го направиме со сите институции од надлежност на локалната самоуправа“ рече Владимир Талески градоначалник на Битола.