Колку спорни гласачи има во Битола?

0
641

Во тек е увидот во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Граѓаните од општина Битола покажале голем интерес за да извршат проверка. Колку граѓани од Битола извршиле увид, од ОИК не располагаа со точна бројка, а точна бројка немаа ни за тоа колку спорни гласачи има?

oik-3

– Потребно е да дојдат граѓаните кои што беа прогласени за фантоми , бидејќи ова им е последна шанса да се внесат во избирачкиот список . Доколку не дојдат ќе бидат избришани од истиот. Конкретно за Битола тоа се граѓаните од улиците: Караорман, Љубојно, Девејани и Дебарска. За да се намали бројот на фантоми, тоа уствари не се фантоми, туку граѓани кои што се евидентирани во избирачкиот список, само со документ треба да го докажат тоа, изјави Стефан Чекутков од ОИК Битола

Грѓаните можат да ја направат проверката само со важечка лична карта или важечки пасош во просториите на подрачната единица во Битола или пак електронски. ОИК во Битола работи секој ден од 8.30 до 19 часот а на 11 ноември , кога завршува јавниот увид во избирачкиот список ќе работи до 24 часот

oik

-Граѓаните својата проверка во ИС можат да ја направат само со важечка лична карта или пасош. Не се врши евиденција со здравствена книшка, некоја лигитимација итн, додаде Чекутков

Досега 4.872 лица кои се на привремена работа во странство се пријавиле преку електронската апликација за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва, соопштија синоќа од Државната изборна комисија.

Како што известија од ДИК, од 29.858 лица, кои беа утврдени како спорни записи- се пријавиле 83 лица, при што на 73 им е потврдено избирачкото право.Една пријава е во фаза на разгледување, а девет се во фаза на обработка.

– И во Битола има голем број на гласачи од дијаспората, додаде Чекутков

Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентрани избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6.

Без коментари

LEAVE A REPLY