Колку тешки кражби имало во Битола ?

0
713

Се почесто сме сведоци или сме прочитале дека некој некого украл, или нанел штета при кражба. Добро е да се отвори ова прашање за да се даде предупредување граѓаните да бидат претпазливи кога не се во домот или кога се движат по улица , па и на банкомат. Во Битола од 2010 до 2016 година евидентирани се вкупно 9.539 случаи за кривичното дело тешка кражба, овој податок е според анализите на одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при Министерството за внатрешни работи, за вкупниот криминал по области и сектори во периодот од 2010 до 2016 година во Република Македонија.

Се заклучува дека во Битола кривичното дело тешка кражба во 2014 година било најмногу застапено според нивната евиденција со 2.187 случаи, додека пак во 2012 год имало најмалку кражби со бројка од 833 случаи.

Од табелата може да се забележи дека во 2010 во Битола имало 933 тешки кражби, во 2011 година имало 1.012, во 2013 год-1035, во 2015 се евидентирани 1.762 случаи и во 2016 во Битола евидентирани се 1.777 случаи за делото тешка кражба.

Ако тргнеме од тоа во кој град во Македонија имало најмногу тешки кражби, анализите покажуваат дека Скопје е рекордер и тоа во 2013 година со 9.666 евидентирани случаи за кривичното дело тешка кражба, додека пак најмалку случаи за ова дело евидентирани се во Велес.