Колку туристи ја посетуваат Македонија?

0
251

 

 

 

turisti 2 17ti

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084, а бројот на ноќевањата изнесува 170 943.

Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 0.1%.

Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 2.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 9.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.8%.

turisti 17 ti

Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.0%, а кај странските има зголемување за 17.0%.

Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.9%, а кај странските има зголемување за 10.6%.