Колку туристите ја посетуваат Битола

0
633
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Зголемен бројот на туристи во Битола за 20 проценти во споредба со минатата, вака вели статстиката на државен завод а и интерната статистика на Завод и музеј во Битола. Програмскиот директор на Завод и Музеј  д-р Ирена Ружин вели дека во континуитет Битола бележи зголемување на туристи, не само во ноќевања туку и и во бројот на транзит туристи и бројот на посети во НУ Завод и Музеј и античкиот локалитет Хераклеа .

Во однос на туристичката понуда и информациите за градот, голема улога има веб страницата bitola.info која што е финансирана од општина Битола со цел посетителите да имат поголема прегледност за градот .Најчесто пребарувале жителите од прекуокеанските земји

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2016 во однос на април 2015 година, е зголемен за 9.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9% на територија на целата држава. Туризмот во земјава бележи континуиран раст, покажуваат податоците за бројот на туристи во 2015-та година, кој пораснал за 10,9% во споредба со претходната 2014-та година. Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.0%.