Колку заболени од хепатитис има во Битола?

0
629

vesna hepar 27Официјална бројка на заболени од хепатитис во Битола Хепар Центарот немаат. Велат дека треба да се направи нов регистар во кој што ќе се соберат сите податоци од повеќе институции за да се види колку лица се инфицирани со овој вирус. Тоа е нивниот план за во иднина. Се надеваат дека утре за прв пат ќе направат нови тестови со испитување на плунка.

vesna milan 27

Хепар Центарот објави акционен план за спасување на животи кој што го промовиравме во Брисел, следно што ни е во план е да се направи регистар во кој што ќе се ставаат сите податоци од многу институции , да се направи еден сублимат на податоците и со заедничка соработка да дојдеме до бројка која ќе ни каже колку лица се заразени со хепатитис“, изјави Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола

Вирусниот хепатитис е сериозна вирусна болест на црниот дроб призната како глобален проблем за здравјето на луѓето. Милиони луѓе умираат од ефектите на болеста секоја година. Познавачите велат дека повеќето од инфицираните не се свесни за нивната состојба кој се должи на асимптоматски карактер на природата на болеста.Проблемите се откриваат кога болеста сериозно напредува. СЗО препорачува дека секоја земја треба да изготви акционен план за Хепатитис како водич за борба против херпатитис.

vesna dijana 27 mi

Според статистиката за 2014 година направена врз крводарителите во Битола имало регистрирано 9 случаи на заболени од хепатит Б и 7 заболени со хепатит Ц“, изјави Дијана Димитровска, Црвен Крст-Битола

Југоисточните земји од Европа не се на ниво кајко Западноевроспките земји. Мора да се поработи во тој дел што повеќе луѓе да бидат тестирани барем еднаш за да имаме одредена бројка на заболени.СЗО Препорачува на секој 1000 жители ако се откријат барем тројца заразени со овај вирус, има смерница цела држава барем еднаш секој граѓанин да биде тестиран“, изјави Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола

Граѓаните ќе можат бесплатно да се тестираат утре од 8 до 11 часот во Магазата, а вечерта со почеток во 21 часот Хепар Центарот организира музички хепенинг на Широк Сокак . Настанот е по повод 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис а е во рамки на БИТ-ФЕСТ.