Колку знаеме за зелените работни места

0
680

Зелените работни места како поим. Што се? Дали ги има кај нас?Каде се може да се имплементираат? По овие прашања денеска се дискутриаше на трибина организирана од страна на здружението За нас се работи.

Благој Стевановски од Техничкиот факултет од Битола појасни дека зелените работни места се сите оние работни места кои допринесуваат за заштита на животната средина.

Колку знаеме за зелените работни места?

Стевановски вели многу малку иако Државата има преземено одредени активности иако само на писмени.Додава дека се прват анализи посебно од НВО секторот.

Иако звучи чудно, зелените работни места, според економистите, може да бидат доходовни и за приватниот сектор.

проф.д-р Пеце Недановски вели дека приватниот сектор прифаќа се што е финасиски одржливо и секако зелените работни места стануваат се поатрактивни посебно во делот на градежништвото.

Зелените места знаат да бидат и контрадикторни вели Недановски појаснувајќи го ова со примерот на ветерниците во Богданци.

Недановски вели работниците кои ги монтираа ги сметаме за зелени работни места, билозите убедуваат дека ветерниците со звукот лошо влијаат на биодиверзитетот во околината и тука е таа контардикторност се или не зелени работни места.

Засега нема информации дали Државата има одвоено финасии од типот на субвенции или поддршка за отварање зелени работни места.