Колумбискиот претседател ja доби Нобеловата награда за мир

0
184

На колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос му беше врачена Нобеловата награда за мир за 2016 година.
Ноградата му беше доделена за постигнување на мировен договор со бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија, соопштија светските агенции.

На церемонија во Градското собрание на Осло, на која присуствуваа норвешкото кралско семејство и членови на владата на земјата, Сантос доби златен медал, диплома и чек за 8 милиони шведски круни / 870. 000 долари.

Нобеловиот комитет соопшти дека наградата е признание за „решителни и храбри напори“ за прекин на граѓанската војна во Колумбија, која траеше над 50 години.

Наградата претставува исто така е „знак за почит кон колумбискиот народ“, кој „покрај огромните тешкотии и бескрајни неправди никогаш не губеше надеж за фер мир“, истакна Комитетот.

Тој истакна дека колумбискиот претседател бил „движечка сила во текот на целиот мировен процес“.

Примајќи ја наградата, Сантос изјави дека таа е „дар од небото“ и ја посвети на сите колумбијци, најмногу на 220-те илјади загинати и 8-те милиони внатрешно раселени како резултат на најдолгиот конфликт во западната хемисфера.