Командант Малишева се обидел да се самоубие во притвор?

0
1298

Еден од лидерите на кумановската група, Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, се обидел да се самоубие во притвор, јави телевизијата Алсат М, повикувајќи се на неофицијални извори.

Според засега непотврдените информации, Красниќи се обидел да се отруе со  пиење солна киселина.

Овој случај доаѓа во период кога осомничените припадници на „кумановската група“ даваат изјави пред надлежниот Јавен Обвинител. Според извори блиски до приведените, тие имале чувство на несигурност, а барале и изјавите кои ќе ги дадат пред надлежен јавен обвинител да бидат дадени во камера, односно снимени со видео запис.

Пред само неколку дена нивните адвокати се жалеа дека спротивно на законот за кривична постапка, нивните клиенти не добиле увид во доказите против нив пред да ги дадат изјавите. Од Јавното обвинителство, денеска велат ќе им ги дадат доказите, но откако ќе бидат комплетирани. /крај/алсатм

Без коментари

LEAVE A REPLY