Комеморација за Ристо Пеов, сопственик на „Епинал“

0
2370

Во саботата на 74-годишна возраст почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите „Епинал“ во Битола, хотел „Бистра“ во Маврово, спортскиот ресорт и ски-центарот во Маврово.

Пеов е роден во 1943 годинаво село Бапчор, егејска Македонија.

Комеморацијата беше денес во хотелот Епинал во Битола. На неа од име на вработените се обрати менаџерот Огњан Циговски.

Ристо беше голем пријател на Тера телевизија. На комеморацијата во името на ТВ ТЕРА се обрати ќерката на Љубица и Зоран Манговски, Теона Манго.

Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во Маврово и Битола.

Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македониja.

 

Без коментари