Комисија на Бундестагот ќе расправа за Македонија

0
320

Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент на својата редовна сесија денеска ќе расправа за Македонија. Предходно, членовите на Комисијата ќе расправаат по точките за состојбата во Африка и германско- турските односи, а по Македонија ќе се расправа и за Русија, Косово, Либан и други теми.

Последната расправа за Македонија во Бундестагот се случи во март минатата година кога комисијата расправаше по информација подготвена од тогашниот специјален пратеник за Македонија Ернст Рајхел. Сесиите на Комисијата за надворешни работи се одвиваат без присуство на јавноста.

Денешната дебата за Македонија во Бундестагот коинцидира со посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл на Македонија.