Комисијата мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ

0
538

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич  потврди дека кратењето на финансиската помош за земјава ќе изнесува над 27 милиони евра.

Таа нагласува дека последните неколку години, а посебно лани Европската комисија во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи за недостатокот на подготвеност, зрелост во планирање во клучните сектори, како и недостатокот на политичка посветеност за реализација на потребните  реформи.

„Како резултат на тоа, Комисијата мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со уште еден проект. Има многу недостатоци во транспортниот сектор, кои спречија правилно планирање и координација во тој сектор“– објаснува Коцијанчич.

Според неа, Македонија треба да стави акцент на одржливост на големи инвестиции во инфраструктурата.

Овие кратења на средства во јавноста беа протолкувани како санкции и се смета дека на ваков начин Македонија почна да ја плаќа сметката за политичката криза која трае долго.

Нова помош за Македонија нема да има.

www.faktor.mk