Комисијата за импичмент на Иванов од денес почнува со работа

0
438

Собраниската комисија што беше формирана по иницијативата на СДСМ за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов од денеска треба да почне да работи. Извештајот околу основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот треба да биде готов за седум дена.

ВМРО-ДПМНЕ има шест члена во комисијата, СДСМ и ДУИ по два члена, а ДПА еден претставник. Поради ваквиот распоред на силите, пратениците од СДСМ гласаа против одлуката за формирање на комисијата.