Комисијата за односи со верските заедници го осуди инцидентот во Крива Паланка

0
444

Демолирањето на верскиот објект на муслиманите во Крива Паланка наиде на остра осуда на Комисијата за односи меѓу верските заедници, барајќи од институциите случајот целосно да се реши. Претседателката на Комисијата, Валентина Божиновска, во изјава за Алсат вели дека според законот за верски заедници, секој има право да врши верски обреди во објект за кој претходно добил дозвола од одредена верска заедница, како што е случајот со објектот во Крива Паланка. Божиновска вели дека ваквите инциденти се неприфатливи, без оглед на сторителите.

Без коментари

LEAVE A REPLY