Компјутерска измама

0
702

Пред два дена сопственик на фирма од Битола, пријави кривично дело „компјутерска измама“. На 22.09.2016 година и на 30.09.2016 година во два наврати непознат сторител го пресретнал нивниот емаил на кој што била испратена профактура од друга фирма истиот бил избришан, фактурата била изменета во делот на податоците за жиро сметка и испратена со нов емаил со слични податоци како претходниот. Поради тоа пријавителот наместо на сметка на странската фирма, уплатил 29.750 долари на сметка на непознат сторител. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY