Комплетно опремен Младинскиот културен центар во Новаци

0
1052

Комплетно опремен младинскиот културен центар во Новаци. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, прекуПрограмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, со вкупна вредност од околу 2,5 милиони денари. Носител на проектот е ЦРППР

13161202_1306855685996518_757592277_o

-Со уредувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за реализација на настани од различен вид, културни, едукативни, забавни настани и собири. Младинскиот културен центар ќе претставува катче за социјализација и креативно дружење на младите, но истиот ќе биде погоден и за различни настани наменети за сите возрасни групи на граѓани од општина Новаци. Со опремувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за активирање на младите во различни активности, настани и проекти кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот и културниот живот во Општина Новаци, изјави Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР-Битола

Општина Новаци инвестира во овај проект 5 милиони и 800 илјади денари, а го доби на користење од УЈП со потврда од Владата на Р.М

13161585_1306855882663165_1265432956_o

-Порано оваа зграда беше целосно руинирана, сега доби комлетно нов лик.Ќе можат да го користат сите заинтересирани страни, невладини организации итн. Долниот спрат од оваа установа се деловни простории кои што општина Новаци планира да ги издава. Денес не е свечено отрварање, зградата ќе биде пуштена во употреба дополнително, изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Ова е еден од 10 те проекти кои минатата година беа одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, а чиј апликант е ЦРППР. Вкупната вредност на сите 10 проекти изнесува 1 милион евра.