Комплетно се подобрува железничката инфраструктура во земјава

0
390

Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година, изјави Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски направи увид во текот на градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп.

Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10.

– Сите овие железнички станици воопшто не се обновувани откако се градени. Конкретно, прилепската станица датира од 1931 година и ова е прва нејзина темелна реконструкција. Добро е да се заврши една таква темелна реконструкција на железничките станици, рече Груевски.

Во тек е и набавката на нови композиции и вагони за патничкиот сообраќај, а веќе се набавени и 150 вагони за товарниот сообраќај.

– Реконструкцијата на пругата на Коридорот 10 е во длабока и завршна фаза. Патничките вагони треба да стигнат до јануари наредната година. Со овие зафати во трите клучни сегменти во железничкиот сообраќај, граѓаните повеќе ќе го користат и ќе патуваат поудобно. Железничкиот сообраќај е исклучително значаен и за нашите граѓани и за оние кои транзитираат низ Македонија, нагласи премиерот Никола Груевски при денешниот увид на работите на реконструкцијата на железничката станица во Прилеп.

Без коментари

LEAVE A REPLY