Композитор кој ги поврзува Македонија и Хрватска-Марјан Неќак

0
329

Марјан Неќак потпишува музика за бројни претстави во битолскиот театар, прилепскиот, албанскиот, МНТ, во театрите во странство, на музика за оперети, мјузикли, кореодрами, балети.

Последната претстава за која напиша музика е за Кралски игри во режија на Љупчо Ѓоргиевски, за која Неќај вели дека дејствието во кое се одвива самата приказна беше доста инспиративно за компонирање на музиката.

Минатата година го основа театарот “Мувинг мјузик” и за првпат работеше како режисер на монооперата Дневникот на лудиот, кој проект гостување на повеќе фестивали во Македонија но и Хрватска.

Покрај Дневникот на лудиот, Неќак компонираше музика за балетот во ХНК.Загреб, Модробрадиот, но и музика за претставата Пуж, односно Полжав, на Мала сцена исто така Загреб.

За него театарските критичари велат дека е алката која успешно ги поврзува Македонија и Хрватска на културно поле.